Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека најлошото допрва претстои во пандемијата на новиот коронавирус.
Тој издаде ново предупредување во момент кога многу земји почнуваат да ги ублажуваат рестриктивните мерки воведени заради сузбивање на вирусот.
Тој не прецизира зошто ситуацијата би можела да се влоши. Досега, според официјалните податоци, се заразени скоро 2,5 милиони луѓе, а над 168 илјади починаа.
„Верувајте ни. Најлошото допрва е пред нас. Да ја спречиме оваа трагедија. Многу луѓе уште не го разбираат овој вирус“, изјави Гебрејесус во Женева.
Тој наведе дека ваква пандемија се случува прв пат во сто години и дека потсеќа на шпанската грозница од 1918 година, која уби околу 50 милиони луѓе.
„Но, сега имаме технологија, можеме да спречиме катастрофа, може да спречиме таков вид на криза“, рече тој.