Борел - Србија се заблагодарува на Кина, но не и на ЕУ

Билборд во Белград.

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел денеска изјави дека постои „борба на наративи“ на Западен Балкан и дека, на пример, во Србија може да се видат билборди со благодарност само за Кина од Србија за борбата со коронавирусот.

„Чудно е што никогаш не сум видел билборд со благодарност за ЕУ за помошта. А, ние им пруживме голема помош на Србија и на другите земји од Западен Балкан и пред и за време на кризата, рече Борел. Тој нагласи дека европската помош и посветеност не биле доволно земени предвид, додека помошта на Кина се смета за многу поважна.

Тој на заедничка онлајн седница на неколку комисии на ЕП, рече дека Балканот нема да биде стабилен без јасна европска перспектива.

„За да ја добијат, тие држави треба да работат за надминување на различностите какви што видовме меѓу Белград и Приштина. Можеме да предлагаме решенија, но не можеме да ја завршиме нивната работа, појасни тој.