СЗО: Укинувањето на рестрикциите не значи крај на епидемијата

Тедрос Аданом Гебрејесус

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги предупреди земјите што планираат да ги ублажат мерките за борба против пандемијата на новиот коронавирус да бидат подготвени да реагираат брзо во случај на нова епидемија на Ковид-19.

На виртуелната средба со министрите за здравство на земјите-членки на Г20, Тедрос рече дека е охрабрен од фактот што неколку членки планираат како да ги олеснат социјалните ограничувања поради пандемијата. Сепак, тој посочи дека е клучно мерките за олеснување на овие ограничувања да бидат спроведени во фази.

„Укинувањето на рестриктивните мерки не значи крај на епидемијата во ниту една земја, туку само почеток на следната фаза“, рече Гебрејесус.