Преговорите меѓу Лондон и Брисел за новите односи меѓу двете страни по Брегзитот ќе продолжат денеска. Преговарачот на ЕУ Мишел Барние и британскиот преговарач Дејвид Фрост ќе ги испитуваат начините за „остварување вистински и опиплив напредок“. Преговорите беа одложени поради коронавирусот по нивниот прв круг во почетокот на март.
25-годишнината на Шенгенскиот договор за отворени граници се одбележува со спуштени рампи
Следните два состанока беа откажани. Барние, кому му беше дијагностициран ковид-19, ги продолжи своите активности во Брисел во почетокот на минатата недела. Денешните разговори и следните две рунди закажани за 11 мај и 1 јуни ќе бидат преку видео врска.