Честит Велигден: Молитва во храмовите, свеќи на балконите

На прв ден Велигден, вратите на православните храмови беа ширум отворени, но согласно мерките за заштитата од пандемијата, верниците останаа дома. Така беше и во Соборниот храм во Скопје.

На богослужбата во Соборниот храм во Скопје денеска беа само свештениците, како и во другите православни храмови во државата.

На утринската велигденска молитва беа само новинарските екипи...

... и полициските патроли во близина на храмовите.

Главната Велигденска литургија и синоќа и денеска беше во Соборната црква Свети Климент Охридски во Скопје.

Со Велигденската литургија чиноначалствуваше поглаварот на МПЦ-ОА, владиката Стефан.

Во литургиската поворка со светиот оган беше само свештенството.

И синоќешната полноќна литургија беше без верници во храмовите. Тие на полноќ излегоа со запалени свеќи на балконите и на прозорците.

Најмногу верници со свеќи на балконите синоќа имаше во зградите во непосредна близина на Соборната црква во Скопје.

Христос воскресна - Навистина воскресна

Навистина воскресна