Грците останаа дома за Велигден, а христовото воскресение во повеќе делови на Атина беше прославено со огномет. Грците ги послушаа препораките на Владата, останаа дома, а позитивно одговорија и на повиците на градоначалниците и дел од митрополитите, на полноќ да излезат на балконите со запалени свеќи.
Црквите останаа празни, свечената богослужба се одржа зад затворени врати, а верниците ја следеа на телевизија и преку интернет.
Пред црквите, дискретно беше присуството на полицијата.