Кина го ревидира бројот на жртвите од коронавирус

Вухан

Кинескиот град Вухан, каде што за прв пат се појави коронавирусот, го зголеми бројот на жртвите за 1.290, во услови на растечки меѓународни сомнежи за транспарентноста на Кина. Ажурираните бројки покажуваат дека бројот на починатите во Вухан е 3.869, односно две третини од потврдените случаи во Кина. Дополнителните смртни случаи биле „погрешно пријавени“ или целосно испуштени, соопштија градските власти.

Вухан се отвори, но стравот остана

Претходно експертите ги доведоа во прашање пријавените инфекции и смртни случаи од вирусот во Кина, сметајќи дека бројките се премногу ниски и неверодостојни. Тие исто така се пожалија дека кинеската влада не сакала, особено во почетокот, да ги пријави случаите и степенот на епидемијата. Вашингтон го обвини Пекинг дека не споделува точни податоци. До 17 април, во светот имало повеќе од 2,1 милиони потврдени случаи на коронавирус, вклучувајќи и над 145.000 смртни случаи, е соопштено од базата на податоци што ја води универзитетот Џон Хопкинс.