Унгарија ќе протера 14 ирански државјани обвинети за непочитување на правилата на однесување при сузбивање на коронавирусот, пренесува АФП. Одлуката на унгарската влада е остро критикувана од властите во Техеран, како и од унгарскиот Хелсиншки комитет, кој го обвинува премиерот Виктор Орбан за „ставање во карантин на владеењето на правото“.
Орбан нема да разговара за демократијата со Брисел, зафатен е со коронавирусот
Двајца ирански студенти се идентификувани од самиот Орбан како личности кои го донесоа коронавирусот во Унгарија. Во последните неколку недели, провладините медиуми водеа кампања против нив. Иран ја опиша одлуката на унгарската влада како „длабоко разочарувачка“, а унгарскиот Хелсиншки комитет смета дека протерувањата се „политички мотивирани“.