Американскиот претседател Доналд Трамп во средата се закани дека ќе го затвори Конгресот, за да може да ги пополни слободниte работни места во неговата администрација без потврда од Сенатот, велејќи дека e фрустриран што пратениците не се во Вашингтон да гласаат за неговите кандидати за федерални судии и други владини позиции. „Сегашната практика за напуштање на градот е обезличување на должноста што американскиот народ не може да си го дозволи за време на оваа криза“, им рече Трамп на новинарите на својот дневен брифинг во Белата куќа за кризата со коронавирусот.
Сандерс го поддржува Бајден во трката за претседател на САД
"Тоа е измама што ја прават и тоа е така долго време", оцени Трамп. Ниту еден американски претседател досега не го искористил ова уставно овластување. Сенатот и Претставничкиот планираат да се вратат во Вашингтон на 4 мај поради кризата со коронавирусот.