Ослободување на фирмите од данок на личен доход и на добивка за 3 месеци

Директорката на УЈП, Сања Лукаревска

Државата ги ослободува компаниите од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход, како и аконтациите на данокот на добивка за март, април и мај оваа година, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска на денешната прес-конференција.

„Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност или друг вид на годишна награда на вработените или на органите на управување или надзор на даничниот обврзник од денот на стапување на сила на уредбата со законска сила до денот на траењето на ослободувањето, односно 15 јуни 2020г. Исто така да не го намалат бројот на вработени сметано до 26 март до три месеци по престанувањето на најзината важност освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените“, рече Лукаревска.

Двете ослободувања како мерки се донесени со владина Уредба со законска сила во време на вонредна состојба поради корона-кризата. Ослободувањето се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, туризам или транспорт, како и други обврзници кои имаат претрпено штети поради спроведувањето на мерките за заштита од коронавирусот.Ова се дел од условите кои ги наброја Лукаревска, а кои треба да ги исполнат обврзниците за да ја искористат оваа мерка.

Даночните обврзници за искористување на ова право потребно е електронски да поднесат барање преку системот е-даноци на УЈП. Барањата автоматски се обработуваат, а обврзникот добива повратна порака како одговор на барањето.