Европската комисија денеска треба да предложи стратегија за постепено отстранување на ограничувањата поради коронавирусот и земјите членки да продолжат со нормална активност. Планот ќе предложи заеднички критериуми, а секоја земја на ЕУ може да одлучи како и кога да преземе чекори за да се релаксираат ограничувањата. Упатствата требаше да бидат презентирани минатата недела, но некои земји од ЕУ се загрижени од прераното укинување на мерките.
Макрон го продолжи карантинот во Франција до 11-ти мај
Еден од главните елементи на предлогот ќе биде преземање на мали, цврсто контролирани чекори во текот на наредните месеци. Прво треба да се исполнат два услови: забележително намалување на ширењето на вирусот и доволен број расположиви болнички и легла за интензивна нега.