Претседателот на САД Доналд Трамп во вторникот изјави дека ѝ наложил на неговата администрација барем привремено да го прекине финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) за нејзиното постапување со пандемијата на коронавирус.
СЗО: Нема доволно информации дали се стекнува имунитет од коронавирусот
Трамп на прес-конференција во Белата куќа рече дека СЗО „не успеа во својата основна должност и таа мора да биде одговорна“. Тој оцени дека организацијата ја промовирала „дезинформацијата“ на Кина за вирусот, што веројатно довело до поширока појава на вирус отколку што би се случило поинаку.