Вучиќ: Забрана за движење за Велигден од петок до вторник

Српскиот претседател Александар Вучиќ и патријархот на Српската православна црква

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека забраната за движење во Србија околу Велигден ќе трае од 17 до 5 часот во петок, со цел да се запре ширењето на пандемијата со коронавирусот. Говорејќи за барањето на Синодот на Српската православна црква до српската влада да ја прекине забраната за движење на верниците да присуствуваат на литургијата во неделата, Вучиќ рече дека тој склучил договор во минатата сабота со патријархот Иринеј кој е различен од барањето на Синодот.

Постариот син на Вучиќ заразен со Ковид-19

Тој посочи дека на граѓаните на возраст над 65 години ќе им биде дозволено да се движат три пати неделно за време на „полицискиот час“ следната недела. „Идејата е да издвоиме осум часа за пензионерите за три дена“, рече Вучиќ.