Хачинсон: НАТО формира тим за борба со хибридни закани во С. Македонија

амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон

НАТО формира тимови за борба со хибридни закани во Северна Мaкедонија и Црна Гора, откако лажните вести и дезинформации на Русија и Кина зедоа голем замав со кризата на пандемијата од коронавирус во Западен Балкан, изјави амбасадорката на САД во Алијансата, Кеј Бејли Хачинсон.

„Алијансата очекува од Скопје дополнителни информации за формирање на таков тим и за Северна Македонија, а чија цел е подготовка на медиумите во земјата како да ги одвратат кампањите на дезинформација од Русија“, изјави таа на видео брифингот за новинарите во Вашингтон, потенцирајќи дека тимот во Црна Гора е веќе распореден.

Помпео: Влезот на С. Македонија во НАТО ја зајакнува Алијансата „колосално“

Според неа, како најнова членка на НАТО, Северна Македонија е посебна цел на кампањата на дезинформации организирана од Кремљ. Таа додаде дека дезинформациите од Русија се случуваат одамна, уште кога Северна Македонија побара да стане членка на НАТО и продолжија кога приемот на земјата во Алијансата беше потврден.