Јужнокорејски компании денеска ќе ги испратат првите испораки на тестови во Соединетите држави за да му помогнат на Вашингтон во справувањето со коронавирусткако одговор на молбата на претседателот Доналд Трамп, објави јужнокорејската агенција Joнхап. Во САД има најголем број на регистрирани случаи на „Ковид19“ во светот и најголем број на смртни случаи од оваа болест, повеќе од 22.000.
Некои добро, некои погрешно во борбата со коронавирусот
Јужна Кореја беше втора најпогодена земја по Кина, но успеа да го спречи ширењето на болеста пред се преку масивна стратегија за тестирање на населението. Тестирани беа повеќе од половина милион луѓе, што овозможи да се открие и да се контролира ширењето на вирусот. Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин во минатиот месец рече дека во телефонски разговор Трамп го замолил да му испрати тестови. Во Јужна Кореја се пријавени повеќе од 10.500 случаи на Ковид19, од кои 70 проценти се излечиле досега.