Научниците од Светската здравствена организација велат дека сè уште немаат доволно информации за да заклучат дали луѓето се имуни на последователни инфекции КОВИД-19 по закрепнувањето од оваа болест. Шефот за итни случаи на СЗО д-р Мајкл Рајан; изјави дека се претпоставува оти луѓето кои биле заразени со коронавирус и кои имаат докажано ниво на антитела треба да имаат одреден степен на заштита, но дека „сè уште не се знае колку трае тој временски период “. Тој рече дека научниците можат да проценат врз основа на имунитет од други вируси, но тие податоци се исто така доста ограничени.
Кога повторно ќе излеземе од домовите?
Претходно директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејезус, изјави дека коронавирусот е десет пати посмртоносен од пандемијата на грип (H1N1) во 2009 година. „Знаеме дека ковид-19 се шири брзо и знаеме дека тоа е смртоносно: 10 пати посмртоносно од пандемијата на грип од 2009 година “, рече тој на брифингот во Женева.