Потпишан глобален пакт за намалување на производството на нафта

Намалување на светското производство на нафта било постигнато преку видео-врска

Членките на Организацијата на земјите извознички на нафта, и другите производители на нафта постигнаа договор за зголемување на цените на нафтата со намалување на нејзиното производство за скоро 10 милиони барели на ден. Намалување на светското производство на нафта било постигнато на вчерашните разговори преку видео-врска. Претседателите на Русија и САДВладимир Путин и Доналд Трамп, како и саудискиот крал Салман го поддржаа договорот.

Самит на Г20 - напори за стабилност на енергетскиот пазар

Економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус доведе до пад на цената на нафтата на најниско ниво од 2002 година. Од почетокот на годината, цените на суровата нафта паднаа за 50 проценти.