Самит на Г20 - напори за стабилност на енергетскиот пазар

Илустрација.

Министрите за енергија на Г20 завршија рунда од разговорите за големиот пад на глобалните цени на нафтата, ветувајќи мерки за поддршка за стабилизирање на пазараот.

Но, во заедничката изјава на министрите од 11 април, по долгиот виртуелен самит чиј домаќин беше Саудиска Арабија, не се спомнува предлог договор за намалување на производството на нафта.

„Ние се обврзаме да ги преземеме сите неопходни и непосредни мерки за да обезбедиме стабилност на пазарот на енергија“, велат министрите.

Тие исто така ветија дека ќе обезбедат енергетскиот сектор да продолжи да му помага на светот да ја надмине епандемијата на коронавирусот.

Но, во последната изјава на групата не се спомнува за намалување на производството. Видео-конференцијата на Г20 дојде еден ден откако земјите кои се најголеми поризводители во групата „ОПЕК+“ направија притисок за финализирање на договор за ограничување на производството.

На самитот на Г20 се очекуваше во договорот пошироко да бидат вклучени земји што не се членки на ОПЕК, вклучително Мексико, САД и Канада.