Владата парите за факултетите на ИВЗ и МПЦ ги одобрила во февруари

Влада на Република Северна Македонија

Од Владата денеска реагираат дека не е точно оти била изгласана уредба за помош на МПЦ и ИВЗ, туку се работи за постара одлука за поддршка за реализација на студиските програми на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на Православниот богословски факултет и на Факултетот за исламски науки за 2020 година.

Истражувачката репортерска лабораторија објави дека Владата на 8 април одобрила околу 120 илјади евра за факултетите на ИВЗ и на МПЦ. Одлуката, како што наведуваат од ИРЛ, истиот ден е објавена во Службен весник, а Факултетот за Исламски науки од Кондово добива 3 милиони денари или речиси 50.000 евра, а Богословскиот факултет 4.500.000 денари или 73.000 евра.

Од Владата посочуваат дека точно е оти Владата на 38-мата седница ја донела одлуката, но на тоа и претходела одлуката донесена на 16 февруари со цел, како што наведуваат, да се обезбеди редовното и непречено функционирање на студиските програми за 2020 година, а не за финансиска помош за МПЦ и ИВЗ како што пренесуваат медиумите.

Одлуката, соопштуваат од Владата е донесена и врз основа на Законот за високото образование од 2008 со кој овие институции се стекнале со статус на приватно-јавни непрофитни високообразовни установи.

Филипче до Реџепи: Верувам дека сите се свесни за ситуацијата

Поглаварот на ИВЗ, Реисот Сулејман Реџепи во интервју за ТВ Глоби пред некој ден изјави дека државата не обезбедила помош за религиозните заедници и поради тоа може да се случи да ги суспендираат одлуките за забрани за верски собири.