Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика поделените членови на Советот за безбедност да покажат солидарност и да бидат обединети против Ковид-19, наведувајќи дека тоа е „борба на генерацијата“. Тој го брифираше Советот зад затворени врати за пандемијата. Состанокот заврши по три часа со кратка изјава на земјите-членки во која се изразува поддршка за генералниот секретар. „Ангажманот на Советот за безбедност ќе биде клучен во ублажувањето на ефектите од пандемијата на кавид-19 врз мирот и безбедноста“, рече Гутереш.
Трамп - „СЗО навистина ја оплеска“
Американската амбасадорка Кели Крафт, како што јави агенцијата Франс прес, потсети на „кинеско-американските контроверзии во врска со кинеското потекло на вирусот“, наведувајќи дека најефикасниот начин за борба против пандемијата е да се соберат точни податоци. Кинескиот амбасадор Џанг Џун пак навел дека „мора да се отфрли секој чин на стигматизација и политизација“ на пандемијата. Две нацрт-резолуции се разгледуваат во Советот, но одделно, едната меѓу непостојаните членки и а другата меѓу петте постојани членки.