Коронавирус - половина милијарда луѓе во сиромаштија

илустрација

Меѓународната група за помош „Оксфам“ ги повикува светските лидери да изнајдат сеопфатен пакет за спасување за да спречат пандемијата на коронавирус да доведе во сиромаштија дури половина милијарда луѓе. Добротворната организација, се вели во извештајот објавен вчера дека „богатите земји“ покажале за време на кризата дека можат да мобилизираат трилиони долари за поддршка на сопствените економии и мора да го сторат истото и за посиромашните нации.

Што преземаат државите за да го избегнат економскиот колапс?

Според проценките, „глобалната сиромаштија би можела да се зголеми за прв пат од 1990 година“, оценува Оксфам, додавајќи дека таквото зголемување може да ги стави некои региони на ниво на сиромаштија „слично на оние што беа забележани пред 30 години“.