Унгарија ја продолжи мерката за ограничено движење во земјата на неодредено време за да го забави ширењето на коронавирусот, соопшти синоќа премиерот Виктор Орбан. Унгарија официјално регистрираше 980 заразени и 66 смртни случаи, иако владата призна дека бројот на реалните случаи е веројатно многу поголем. Сегашното националното ограничување на движењето што овозможува одење на работа, до продавници и аптеки истекува на 11 април. Орбан ги замоли граѓаните да ги почитуваат ограничувањата во врска со претстојниот велигденски празник, избегнувајќи групи и да ги следат упатствата за физичка оддалеченост на јавни места.
Орбан нема да разговара за демократијата со Брисел, зафатен е со коронавирусот
Орбан, исто така, им даде на градоначалниците моќ да носат „построги одлуки во однос на нивните заедници“. Во минатата недела парламентот на Унгарија го усвои законот, со кој му се даваат на премиерот Орбан, нови овластувања, за кои тој вели дека му се неопходн да се бори против пандемијата, но за кои критичарите дома и во странство велат дека се едноставно грабнување на моќта.