Синот на српскиот претседател Александар Вучиќ, Данило Вучиќ, е заразен со коронавирус и заради клиничката слика е хоспитализиран на Инфективната клиника во Белград. Веста ја објави самиот претседател на својот инстаграм профил.
Вучиќ: не се исклучува карантин на цел ден
„Кога се почна, мојот Данило ми кажа дека предавањето не е опција. Мојот првенец е заразен со коронавирус, а клиничката слика му е таква што е примен на Инфективната клиника“, напиша Вучиќ и додаде дека е убеден оти тој ќе ја победи болеста.