Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е исклучено да се воведе 24-часовен карантин во Белград. Говорејќи за мерката за целодневна забрана за движење, Вучиќ рече дека тоа ќе се случи доколку експертите ја предложат таа мерка.
Твитер изгаси 8.558 налози за промовирање на Вучиќ и неговата партија
Тој изјави дека ќе се воведе полициски час од петок од 15 часот до понеделник и посочи дека ова е сигурно за Белград и Ниш. Според него, сите болници во Белград ќе бидат трансформирани во „ковид“ болници, а само Воената медицинска академија ќе остане отворена за лекување на други болести.