Што не учи историјата за физичкото дистанцирање во пандемија?

САД - датотека САД. Сент Луис, Мисури - пандемијата „Шпански грип“ од 1918-1919 година резултираше со драматична смртност низ целиот свет.

Податоците од пандемијата на шпанскиот грип во почетокот на минатиот век сугерираат дека строгото физичко растојание и другите слични мерки го забавуваат ширењето на инфекцијата. Тие ја намалуваат стапката на смртност за дури 50 насто онаму каде што беа користени.

Ова е заклучокот на три истражувања за пандемијата во 1918-1919 година, која зарази речиси една третина од светската популација и уби 50 милиони луѓе.

Тогаш, како и сега, не сите се согласија дека раните, рестриктивни мерки за физичко оддалечување се најдобрата политика за задржување на пандемијата.

Луѓе во карантин низ фотографии

Мерките донесени од некои градови кои успешно ја забавија болеста вклучувале забрана на масовни собири, затворање на училишта и цркви и овластување за постапки за дезинфекција и одржување хигиена.

Здравствена заштита

„Колку построги се изолационите политики, толку е помала стапката на смртност“, вели д-р Стефан Ем Памбучијан, од Медицински факултет во Чикако.

Градовите со најстроги мерки, а со тоа и најголемо намалување на ширењето на заболувањата и смртноста, беа Сан Франциско, Сент Луис, Милвоки и Канзас Сити.

Како светот држи безбедно растојание - низ фотографии

Анализата исто така сугерира дека овие градови имаат најдолги доцнења во достигнувањето на врвот на смртноста, што го намали „товарот“ врз нивниот медицински персонал и болниците.

Ригорозен полициски час за радикалната фаза на пандемијата

Спротивно на тоа, градовите како Филаделфија дозволија јавните активности да продолжат што резултираше со илјадници инфекции што ги оптоварија болниците, со илјадници смртни случаи.

Светот е поинаков

Пандемијата на шпански грип во Соединетите држави уби над 675.000, но тогаш и поинаку се живееше.

Како што наведува Памбучијан, голем дел од Соединетите држави живееле во „сиромаштија, лоша исхрана, никаква хигиена и слаба медицинска грижа“.

Светот - од кој голем дел беше зафатен со Првата светска војна - немаше интернет или социјални медиуми и информациите течеа со драматично побавно темпо од денес.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Полиција и војска низ градовите во Европа

“Но, принципите за спречување на ширењето на вирусот што се применуваа тогаш важат и сега, и покрај „скептицизмот дека овие политики не биле ефикасни тие очигледно направија разлика“, наведува Памбучијан.

СЗО повика на претпазливост при ублажување на мерките за изолација

Методите за справување со сегашната криза, како што додава тој, можат директно да извлечат корист од тоа што знаеме дека било ефикасно против најсмртоносната пандемија во модерната историја.

„Иако светот е многу поразлично место од пред 100 години, ефикасноста на мерките спроведени за време на пандемијата од 1918-1919 година ни дава надеж дека сегашните мерки, исто така, ќе го ограничат влијанието на пандемијата КОВИД-19”, заклучува Памбучијан.