Лани македонските граѓани потрошиле 169,2 милиони евра на онлајн купување што претставува пораст од 26,5 проценти во споредба со 2018 година, објави денеска Асоцијацијата за е-трговија повикувајќи се на статистичките податоци на Народната банка за безготовински платежни трансакции на виртуелни места на продажба.
- Oнлајн како алтернатива на традиционалниот бизнис
- Македонците избегнуваат онлајн пазарување, но од интернет симнуваат филмови и музика
Според овие податоци, во текот на 2019 година реализирани се вкупно 6.727.051 онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 5.435.385 онлајн трансакции во текот на 2018 година што претставува пораст од 23,8 проценти.
Пораст се бележи и од аспект на вредноста, односно лани вредноста на трансакциите реализирани на виртуелните места на продажба во земјата и во странство изнесува 176 милиони евра што е пораст од 26,6 проценти во споредба во 2018 година.