Тигрица во зоолошката градина Бронкс во Њујорк е позитивна на коронавирусот, потврди американската ветеринарна лабораторија. Се верува дека тигрицата Надја била заразена од чуварот кој не покажал никакви симптоми на ковид-19. Уште три тигри и три лавови имаат симптоми на болеста, но се верува дека оздравуваат, соопшти зоолошката градина синоќа. Зоолошката градина Бронкс е затворена за посети од 16 март.
ФАО: Нема докази дека животните пренесуваат коронавирус
Во Белгија, на крајот од март беше објавено дека една мачка добила коронавирус од нејзиниот сопственик, но белгиските власти ја отфрлија можноста за пренесување на вирусот од животно на човек. Слични случаи се забележани во Хонг Конг, каде што две кучиња биле позитивни на вирусот.