Ристе Савевски од Советот, објаснува дека иако сите зборуваат на различни јазици целта и пораката се исти - Да се остане дома за личното и колективно добро. Говорат луѓе од различни професии, профили, возраст.
„Во вакви период кога човештвото се соочува со здравствена криза и криза на свеста, ние треба да се држиме заедно. Целта е иста, да останеме дома за доброто на сите! Kако ќе го надминеме овој тежок период. Се разбира заедно. Како што сите може да бидеме жртви на вирусот, можеме сите, да работиме заедно, за да ја победиме и оваа битка“, вели Ристе Савевски.
Видете и ова: Нема пазарен ден во Тетово за спречување на ширењето на коронавирусот
Брачниот пар Васко и Марија Стојановски заедно со синот Никола од Тетово се меѓу оние кои успеале на креативен начин да го поминат времето дома. Смислија стихови посветени токму на превенцијата од ширењето на коронавирусот.
„Седите свите дома, дур не пројде вирус корона
Тој не бира кого ќе пипне
Сакајте се уживајте се и спијте
Седи дома, ооо ти седи дома,
Ти седи дома, ооо ти седи дома,
Ти седи дома, да не фатиш корона,
Тој е опасен нас, и само ова ние спас
Ти седи дома.“
Сепак има и многумина кои поткленуваат пред предизвикот да останат дома, па затоа тетовската полиција секојдневно наоѓа луѓе кои го излегуваат дури и за време на полицискиот час.
„СВР Тетово уште еднаш апелира до граѓаните да се воздржат од непотребно излегување од нивните домови, зашто можат да ги доведат во прашање сопствениот и животот на своите најблиски во семејството, роднини, пријатели и соседи, на своите сограѓани. СВР Тетово и со конкретен совет до сите на подрачјето: Останете дома и најдете нешто што ќе ве направи спокојни и во овие навистина сериозни мигови, кога животите се во прашање, а секој човечки живот нема цена и со ништо друго не може да се надомести“, потенцира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.