Трамп го отпушти разузнавачот што го иницираше неговиот импичмент

Американскиот претседател Доналд Трамп го отпушти разузнавачот Мајкл Аткинсон кој што ја обработил информацијата од свиркач во врска со помошта за Украина, што иницираше процес за имичмент на Трамп. Претседателот Трамп го известил Комитетот за разузнавање во Сенатот за неговата одлука.

Аткинсон работеше како генералниот инспектор на разузнавачките служби и беше првиот што го извести Конресот за анонимна поплака од свиркач минатата година во која се опишани притисоците на Трамп врз Украина за да ги истражи демократите Џо Бајден и неговиот син. Неговата информација иницираше истрага, која на крајот резултираше со импичмент на Трамп кој во февруари не помина во Сенатот поради гласовите на републиканците.

Трамп ослободен од обвинувањата за импичмент

Трамп во писмото до Сенатот напишал дека е од „витално“ значење да има доверба од назначените лица и дека поради тоа тој повеќе не е во работен однос генерален инспектор во разузнавачките служби.

Писмото било адресирано до Претставничкиот дом и до шефот на Комитетот за разузнавање.

Пратеникот Адам Шиф го нарече отпуштањето „груб обид да се урне независноста на разузнавачките служби и одмазда против оние кои се осмелуваат да го изложат престапот на претседателот“.

Тој на твитер напиша дека со ова Трамп ја става националната безбедност во поголем рисик.