Туркменистанскиот претседател Гурбанбугли Бердимухамедов за прв пат јавно го употреби зборот коронавирус за време на телевизискиот состанок на членовите на неговиот кабинет.
„Коронавирусот беснее во светот и има негативен ефект врз економијата на Централна Азија,“ изјави Бердимухамедов. Тој исто така нареди и спроведување на серија мерки против ширењето на коронавирусот, пренесе државата телевизија.
Според објавеното Бердимухамедов не призна дека земјата се соочува со зголемена појава на респираторни заболувања.
Туркменистан го забрани зборот коронавирус
Оваа автократска поранешна советска република во голема мера молчи за пандемијата и се уште нема пријавено случаи на заболени од коронавирус, предизвикувајќи меѓународни сомневања,.
Туркменистанските власти одбегнуваат да го користат зборот коронавирус, колку што е можно повеќе со цел да се спречи ширењето на информациите за пандемијата, се вели во извештај на Репортери без граници.
„Со забраната на употребата на зборот коронавирус – на улиците, во медиумите, во официјалните владини документи, туркменистанската Влада ги става во опасност своите граѓани“, се вели во извештајот на Репортери без граници.
Туркменистанската економија која е цврсто контролирана од Владата со месеци се мачи поради неуспешните зделки за енергија и гас поради ниските глобални цени.