Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постигнал договор со Русија и Саудиска Арабија за да се намали производството на нафта и да се стави крај на големиот пад на цената на нафтата поради глобалната пандемија на коронавирус. Трамп рече дека разговарал и со рускиот претседател Владимир Путин и со саудискиот принц Мохамед бин Салман, но деталите за тоа како ќе функционира договорот се уште не се јасни.
Коронавирусот го турка светот во голема рецесија
„Очекувам и се надевам дека тие ќе намалат приближно 10 милиони барели, а можеби и значително повеќе што, доколку се случи, ќе биде одлично за нафтената и бензинската индустрија!“ напиша Трамп на Твитер. Тој изјави дека не им направил никакви отстапки на Саудиска Арабија и Русија. Русија и Саудиска Арабија во почетокот на минатиот месец не успеаа да се договорат за намалување на производството.