Рускиот претседател Владимир Путин го продолжи неработниот период во земјата до 30 април со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. Во телевизиско обраќање до нацијата тој порача дека граѓаните ќе продолжат да ги добиваат своите месечни примања, но не објасни како ќе им бидат исплатени и кој ќе ги исплаќа. Путин посочи дека најголем дел од Русите треба да го избегнуваат нивното работно место бидејќи „пикот на пандемијата не поминал во светот, како и во земјата“.
„Ефикасна и стабилна економија е клучна за решавање на нашите задачи, вклучително и во системот на здравствена заштита“, додаде тој.
Путин потпиша закон со кој владата може да прогласи вонредна состојба
Русија има регистрирано 3548 заболени и 30 смртни случаи. Путин најави дека неопходните индустрии ќе продолжат со работа, како и продавниците за храна и аптеките.