Европскиот суд на правдата донесе одлука дека Полска, Унгарија и Чешка го прекршиле европскиот закон со тоа што одбиле да ги примат барателите на азил врз основа на планот за еднаква распределба на бегалците. Според судот, трите земји не успеале да ја спроведат одлуката на ЕУ за поделба на товарот со распределбата на 160 илјади баратели на азил кои дошле од Грција и Италија во екот на мигрантската криза во 2015 и 2016 година.
Многу земји на ЕУ против квотите за прием на мигранти
Распределбата на мигрантите заврши во септември, 2017 година, а само околу 40 илјади од нив беа преместени. Шефицата на Европската комисија, Урусла фон дер Лајен изјави дека пресудата е важна иако се однесува на минатото, ќе даде насоки за иднината.