Иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф изјави денеска дека неговата земја „дејствува во самоодбрана“. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на Твитер го предупреди Иран дека ќе плати висока цена за нападите врз силите на САД во земјата.
Зариф на социјалната мрежа возврати дека Иран има пријатели и дека за разлика од САД, кои според него, лажат, вршат атентати и измами, неговата земја се брани. Иран и Сад се во тензични односи и се борат за влијанието врз Ирак, каде Техеран има моќни сојузници, а Вашингтон блиски врски во Владата.
Трамп повторно му се закани на Иран
Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон нагло се зголемија откако Трамп во 2018 година ги повлече Соединетите држави од нуклеарната спогодба потпишана во 2015 година меѓу Иран и светските сили и воведе вонредни санкции кон земјата.