Од коронавирусот во Соединетите Држави би можеле да умрат околу 240.000 луѓе, предупредуваат експертите од Белата куќа, откако бројот на смртни случаи се дуплираше за три дена и изнесува 4000.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди граѓаните дека следните две недели ќе бидат „многу тешки“ бидејќи балансот на нови случаи на вирусот корона се зголемува во таа земја.
Белата куќа проценува дека „помеѓу 100 000 и 240 000 луѓе ќе умрат од оваа болест доколку се следат тековните рестриктивни мерки, а меѓу 1,5 и 2,2 милиони ако нема никакви мерки“.
Во исто време, најголем број жртви се регистрирани во Шпанија, Франција и Велика Британија во последните 24 часа.
Бројот на заразени од коронавирусот надмина 861.000, додека повеќе од 420000 умреа, па генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш предупредидека човештвото се соочува со најголемиот предизвик од Втората светска војна.
Во меѓувреме има се повеќе злоупотреби на вонредната состојба бидејќи полицијата во некои земји брутално се справува со населението. Така на пример, прекршувањата на карантините на Филипини се казнуваат со тоа што сторителите се сместуваат во кафези за кучиња.