Бугарија ја укина наредбата за носење маски

илустрација

Бугарската влада ја укина наредбата со која се бара луѓето да носат медицински маски на јавни места за да се заштитат од ширењето на пандемијата на коронавирусот, само еден ден откако ја издаде таа наредба. Министерот за здравство Кирил Ананиев го стори тоа, откако стотици луѓе поднесоа тужба против наредбата, тврдејќи дека нема доволно медицински маски достапни за јавноста. Тужителите тврдат дека законот не треба да се воспоставува сè додека владата не може да издаде доволно маски на населението.

Бугарија обвини проруски политичар за лажни вести за коронавирусот

Во Бугарија има потврдено скоро 400 случаи на инфекции на коронавирусот и осум смртни случаи. Сепак, експертите предупредуваат дека е невозможно да се утврди вистинскиот број на инфекции во која било земја заради недостаток на тестирања.