Косовската влада ја укина таксата на увозот од Србија и БиХ

Албин Курти

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека од полноќ стапи во сила одлуката за укинување на таксата од 100 насто на увозот на производи од Србија и Босна и Херцеговина. Обраќајќи им се на новинарите на паузата од вчерашната седница на неговиот кабинет, Курти рече дека во исто време е одлучено да започне спроведувањето мерки на реципроцитет кон Србија, а кои нема да се однесуваат на БиХ. “Ова е мерка за спроведување постепен реципроцитет како принцип во односите со Србија. Во трговските односи називите кои се користат во документите треба да бидат во согласност со Уставот на Република Косово и законите”, рече тој, наведувајќи дека одлуката е со важност до 15 јуни, кога ќе се согледаат ефектите на нејзината примена.

Вашингтон: нема таен план за размена на територии меѓу Србија и Косово

Ова Белград го оцени како „лажна вест“ и наведе дека Приштина всушност ги зголемила казнените мерки. Владиниот портпарол Марко Ѓуриќ рече дека Приштина само воведе нови казнени мерки за српските граѓани и економијата, што ги нарекува реципроцитет. „Ова не ја деескалира ситуацијата и не не враќа во ситуацијата пред воведувањето на даноците“, рече тој.