Земјите членки на Европската унија треба да им дозволат на стотиците илјади сезонски работници кои извршуваат земјоделски работи да ги минуваат границите и покрај мерките што ги преземаа во обид да го спречат ширењето на коронавирусот, соопштија денеска од Европската комисија.
27-те земји кои се членки на Унијата воведоа гранични контроли поради пандемијата, но како што пишува агенцијата Ројтерс, тоа има последици при производството на храна, медицински услуги, а засега и други прекугранични работници.
Околу 1,5 милиони луѓе живеат во една земја членка на ЕУ, а работат во друга. Меѓу клучните професии, за кои Европската комисија бара да се отворат границите, се и лекарите, полицијата и транспортните работници. На пример, во Луксембург повеќето здравствени работници живеат во Франција и Белгија.