Москва нема докази за улогата на САД во ширењето на пандемијата

Москва

Русија нема докази за улогата на САД во ширењето на новиот коронавирус, но Москва има неколку прашања за Вашингтон, соопшти Министерство за надворешни работи.

„Со цел недвосмислено да се одговори на прашањето за тоа од каде потекнува првиот случај, треба да се направат многу истражувања. Значи, обвинувањата на Вашингтон против Кина се збунувачки“, рече извор од Министерството за руската новинска агенција ТАСС.

Кина реагира на твитот на Трамп -„кинески вирус“

Тој исто така изјавил дека Москва нема докази за улогата на САД во пандемијата.

„Меѓутоа, долго време, со загриженост ја гледаме американската воена и биолошка активност што се спроведува во непосредна близина на нашите граници. Со други зборови, навистина имаме некои прашања за САД“, рече изворот.