Бројот на смртни случаи во Соединетите држави од новиот коронавирус би можел да достигне 200.000, предупреди највисокиот владин експерт за заразни болести. Ентони Фаучи, директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, во интервју за Си-Ен-Ен изјави дека пандемијата може да предизвика меѓу 100.000 и 200.000 смртни случаи и милиони заразени во Соединетите држави.
Трамп одлучи да не го стави Њујорк под карантин
Заклучно со вчера во САД има повеќе од 125.000 случаи на КОВИД-19 - најмногу во светот - со 2.201 смртни случаи. Во светот бројот на починати е скоро 33,000 со околу две третини регистрирани во Европа.