Американскиот претседател Доналд Трамп и покрај брзото зголемување на потврдени случаи на заболени од коронавирус во Њујорк донесе одлука да не го стави регионот под карантин по силиниот притисок од локалните политички лидери. Тој изјави дека одлуката била донесена по препорака од Белата куќа.
Во САД има повеќе од 124 илјади заболени од кроонавирус. Трамп на Твитер напиша дека наместо карантин ќе бидат воведени строги мерки за органичување на движењето во Њујорк, Њуџерси и Конетикат.
Се забрзува ширењето на коронавирусот, САД со најмногу заразени
Претходно тој најави дека можеби ќе воведе карантин за Њујорк во кој се регистрирани околу половина од случаите со цел да се спречи ширењето на болеста. Но, градоначалниците на Њујорк и на Њуџерски, Ендру Куомо и Нед Лемонт изјавија дека таквиот чекор може да предизвика паника и натамошна штета по финансискиот пазар. Куомо истака и дека карантинот би бил антиамерикански.