СДСМ: Мицкоски нема кредибилитет да зборува за економија

Седиштето на СДСМ.

Од СДСМ денеска регираа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски нема ниту знаење ниту кредибилитет да зборува за економија. Според владејачката партија, економијата е подготвена да се справи со економските последици од глобалната пандемија на коронавирусот, а државата институциите преземаат се што е потребно да се заштитат граѓаните.

„Пакетот мерки кои ги предложи СДСМ и претседателот Заев, вредни 200 милиони евра, се издржани, на здрава основа, за помош на граѓаните, на работниците, на стопанството, да ги сочуваме работните места и да обезбедиме приход за секој човек“, наведуваат од СДСМ.

Мицкоски со предлог економски мерки до Владата

Од СДСМ посочуваат и дека денеска состанок има Економскиот совет на Владата, предводен од премиерот Оливер Спасовски, а Мицкоски да имал мерки тие требало да ги предложи преку дополнителната министерката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочовска и Трајко Славевски.

Мицкоски на прес-конференција предложи дека освен најавените заеми од 600 милиони евра, Владата треба да ги откаже благајничките записи и наместо нив да бидат запишани државни хартии од вредност, како и средствата кои што биле уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд да бидат пренаменети.