Шефицата на ММФ, Кристалина Георгиева изјави дека светската економија веќе е влезена во рецесија поради пандемијата од кронавирусот. Според неа, на државите ќе им требаат најмалку 2,5 билиони долари финансиска помош да ја преживеат кризата. Таа ги повика државите да одговорат со масовно зголемување на потрошувачката со цел да избегнат банкрот.
„Сега е јасно дека влеговме во рецесија која е подеднакво лоша или полоша од таа во 2009 година“, рече Георгиева, додавајќи дека кризата ќе се продлабочува.
Лидерите на ЕУ - за две недели мерки за решавање на економската криза
Според неа, можен е „значителен скок“ во 2021 година само ако се спречи ширењето на вирусот насекаде и да се спречи проблемите со ликвидноста да станат проблем на солвентност. Георгиева предупреди дека најлошото допрва доаѓа за многу економии во развој, за кои рече дека сè уште не го почувствувале целосниот товар на вирусот, но страдаат од одлив на капитал и од намалени цени на енергијата и на извозот на стоки.
ММФ, како што наведе таа, добила барања или прашања за финансирање на итни случаи од 81 земја, при што од 50 земји со ниски приходи и 31 земја со среден приход, вклучувајќи ги Пакистан, Гана, Иран и Киргистан.