Американска компанија направи петминутен тест за коронавирус

Илустрација

Американската компанија Ебот Лабаратории добила дозвола од надлежните институции за употреба на тест за детектирање на коронавирусот кој дава резултат дали некој е позитивен на болеста во рок од 5 минути. Според соопштението, тестот ќе се стави во употреба од најрано од наредната недела.

„Овластувањето за итни случаи“ од Управата за храна и лекови на САД значи дека тестот не е целосно одобрен, но може да се користи во вонредни услови од страна на лабаратории и медицински лица кои имаат дозвола. Се очекува, како што се наведува во соопштението на компанијата, дневно да се произведуваат по 50 илјади тестови.

Тестови за коронавирус низ Македонија

„Борбата со пандемијата Ковид-19 ќе се води на повеќе фронтови, а преносниот молекуларен тест кој нуди резултати за неколку минути, е во склоп со широкиот опсег на дијагностички решенија потребни за борба против овој вирус“, рече претседателот и главен оперативен директор на Ебот, Роберт Форд.

Форд додаде дека тестот ќе може да се користи и надвор од болниците.