Руската влада нареди прекин на сите редовни и чартер летови во и надвор од земјата од 27 март, за да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирус. Владата денеска соопшти дека на авиокомпаниите ќе им биде дозволено да летаат во други земји со цел да ги вратат руските граѓани дома или ако добијат специјално овластување. Руските власти на 25 март објавија 658 потврдени инфекции со коронавирус во земјата и два смртни слчаја.
Путин го потпиша указот за референдум за уставните измени
Претходно претседателот Владимир Путин го одложи референдумот закажан на 22 април за уставните измени што ќе му овозможат да остане на власт, поради загриженоста од појавата на коронавирусот. Путин рече дека новиот датум за гласањето ќе биде одреден врз основа на препораките на здравствените експерти.