Американскиот Сенат со големо мнозинство го одобри историскиот предлог-закон за итни случаи од два трилиони долари за рестартирање на американската економија и помош на здравствениот сектор во неговата битка да го спречи ширењето на пандемијата на коронавирусот. По гласањето во Претставничкиот дом, закажано за 27 март, законот ќе биде испратен до претседателот Доналд Трамп, кој рече дека брзо ќе го потпише.
Трамп: отворање на економијата во наредните недели, а не месеци
Тоа е најголемиот пакет за економско олеснување во американската историја. Цената е еднаква на околу половина од износот на тековниот годишен американски сојузен буџет. Акцијата на Сенатот доаѓа, откако многу градови и држави наредија да се затворат неесенцијалните бизниси. Според Универзитетот Џонс Хопкинс, во САД има потврдено 68.572 случаи на КОВИД-19, зад Кина и Италија. Исто така, имало 1.031 смртни случаи од вирусот.