Министерството за внатрешни работи најостро ќе постапи против сите оние лица кои ќе објават на социјалните мрежи лажни вести кои ќе предизвикаат вознемиреност и паника кај граѓаните, истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во емисијата Топ тема на телевизија Телма. Една од обврските на МВР, како што рече тој, е зачувување на јавниот ред и мир, а тоа е спречување на паника и хаос меѓу граѓаните.
МВР поднело 15 пријави за лажни вести за ситуацијата со коронавирусот
За таа цел, додаде тој, Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика презема континуирани активности преку следење на профилите и активности на социјалните мрежи и утврдување на сите оние случаи доколку се работи за ширење лажни вести поврзани со активностите што ги преземаат институциите во борбата против ширење на вирусот Ковид-19. Досега МВР има поднесено осум соодветни известувања до ОЈО, а за две уште се чека одговор од фејсбук и од твитер. Се работи најчесто за случаи каде се изнесуваат погрешни или лажни инфромации за луѓе заболени од коронавирусот..