ЕУ дипломатите за предлог одлуката за преговори за членство

илустрација

Предлог одлуката Европската унија да ги започне преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, како што се наведува во едногласната нацрт- одлука на 27-те земји членки, во која агенцијата Ројтерс вчера имаше увид, денеска се очекува да биде потврдена од министрите за надворешни работи.

Усвоени амандманите за преговори со Македонија, последниот збор ќе го кажат ЕУ лидерите

Двете земји доживеаа разочарување, откако Франција и Холандија изразија скептицизам во врска со нивните оценки за демократијата и борбата против корупцијата, плашејќи се да дозволат нови членови во време кога кохезијата на блокот веќе беше оштетена од Брегзитот. Но, Париз и Хаг ги ублажија своите забелешки во последните неколку недели, а притисокот доби на интензитет и покрај тоа што Европа стана епицентар на коронавирусот. Ако ниту една земја не се спротивстави, одлуката се очекува да биде официјално одобрена на самитот на ЕУ на 26 март.