Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Соединетите држави ќе донесат одлука на крајот на 15-дневниот период за патот за спречување наширењето на коронавирусот. „Не можеме да дозволиме лекот да биде полош од самиот проблем“, напиша тој во пораката на Твитер.
Во војна против Ковид-19 со лежење на кауч
Претходно Трамп на прес конференција во Белата куќа изјави дека ја активирал Националната гарда за да помогне во поставувањето на медицински станици и во дистрибуирањето на стотици тони медицински материјали во трите држави кои се најтешко погодени од коронавирусот: Калифорнија, Њујорк и државата Вашингтон.