Од денеска почнуваат да функционираат 14 пунктови за земање материјали и брисеви за тестирање за коронавирус на територијата на целата држава. Во Скопје пунктовите ќе во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на денов ќе бидат објавени информациите за сите центри ширум државата. Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичниот лекар кој ќе треба да пополни алготиритам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не.
Прва жртва на коронавирусот во Македонија, пикот за еден месец
Во земјава е регистриран и прв смртен случај на заболен од коронавирус. Станува збор за 57 годишна жена од Куманово, која како што рече министерот за здравство Венко Филипче, во локалната болница била третирана според протоколите. И биле направени два теста за коронавирус кои биле негативни, а откако починала, посмртно и бил направен тест кој бил позитивен на коронавирусот.